Ливерпул и Реал Мадрид ќе играат во финалето на Лигата на шампионите на „Стад д’Франс“ во Париз. Мечот е закажан за 28 мај, а УЕФА денеска ја претстави и топката за финалето. Ѕвездите кои ја симболизираат ЛШ се во сива боја и е испишан зборот „МИР“ на англиски и украински/руски.
УЕФА повикува на мир и прекин на руската инвазија на Украина.