Англија со двајца дебитанти во претстојните Лига на нации

183

Селекторот на Англија Герет Саутгејт го објави списокот на фудбалери за претстојните натпревари од УЕФА Лигата на нациите против Германија, Италија и Унгарија на почетокот на јуни. На списокот за првпат се најдоа Џерод Боувен и Џејмс Џастин.

Боувен има 25 години игра за Вест Хем и неговата позиција е крилен напаѓач. Тој се претвори во вистински „ѕвер“ оваа сезона во дресот на „чеканите“, а претходно шест сезони играше за Хал Сити.

Џастин има 24 години и е играч на Лестер и неговата позиција е централен бек. Тој игра за Лестер од 2019 година, а претходно беше во Лутон Таун. Има и осум настапи за англиската репрезентација У21.

Ова е целосниот список на Саутгејт.

ПретходноНајдобриот швајцарски голгетер стана тренер на Базел
СледноСаитоски откажа, на негово место Игњатов