Атлетик (Б) остана без кормилар: Марселино си замина од Баскија

183

Марселино Гарсија Торал денеска ја објави својата одлука да го заврши својот престој на кормилото на шпанскиот прволигаш Атлетик Билбао. Тој и онака го завршува договорот со баскијците на 30  јуни, па како што најави на прес-конференција, нема намера да ја продолжи соработката.

Одлуката на Марселино ја слушнаа и членовите на Управниот одбор, предводен од Аитор Елизеги, Хозе Анхел Ирибар, спортскиот директор, Рафа Алкорта, како и капитенот на првиот тим, Икер Муниаин.

Марселино беше на чело на Атлетик од јануари 2021 година и му помогна на тимот да го освои Суперкупот на Шпанија.

ПретходноДвојно повисока плата: Маунт ќе стане најплатен фудбалер на Челзи
СледноДимитријевиќ имаше шут за победа: 15 поени и пораз на Валенсија дома