Бремер станува Италијанец и ќе игра за „Аѕурите“

483

Најдобриот бек сезонава во Серија А Глејсон Бремер може да заигра за репрезентацијата на Италија. Фудбалерот на Торино имаше одлична сезона, поради што беше прогласен за најдобар одбранбен фудбалер во Италија во сезоната што измина. За него се интересираат многу клубови меѓу кои и великаните Интер и Јувентус, тука се и англиските Тотенхем и Њукасл, шпански Атлетико…

Она што е поинтересно е што Бразилецот ќе добие италијанско државјанство и пасош и во иднина ќе може да игра за „Аѕурите“, секако, доколку селекторот Манчини го повика. А нема причина зошто да не го стори тоа, победи силна конкуренција во трката по најдобар дефанзивец во Серија А (најдобар е во пресечени топки и во добиени воздушни дуели, четврти во вкупно добиени дуели…) има 25 години, навикнат е на италијанскиот фудбал затоа што веќе пет години живее и работи во Италија. Тој би бил одлично засилување и замена за ветераните во италијанскиот национален тим Бонучи, Киелини, Ачерби…

 

ПретходноУЕФА ја претстави топката за финалето на ЛШ 2022
СледноМиркуловски стана тренер во Вецлар: Среќен сум поради новата улога