„Го одбрав Баерн затоа што со нив можам да ги освојам највредните трофеи“

642

И официјално. Десниот бек Нусар Мазруи го напушти Ајакс и како слободен фудбалер се пресели во Баерн Минхен. Мароканскиот репрезентативец стави потпис на договор до 30 јуни 2026 година.

Среќен сум што се преселив во еден од најголемите клубови во Европа. Баерн стана германски шампион, десетти пат по ред и исто така е конкурент за европската титула идната сезона. Го одбрав Баерн затоа што со него можам да ги освојам највредните трофеи“, изјави младиот фудбалер кој ќе им биде конкурент на Павар и Станишиќ.

Мазруи потекнува од младинската школа на Ајакс, а дебитираше за сениорите во сезоната 2017/18. Тој одигра 135 натпревари за Ајакс со ефект од 10 гола.

 

ПретходноСловачка остана без најдобриот, Хамшик се откажа од репрезентацијата
СледноОФИЦИЈАЛНО: Нико Ковач е новиот тренер на Волфсбург