Го освои пехарот со Вардар, сега сонува истото да го стори со својот татко и брат!

415

Денеска беа извлечени полуфиналните двојки за фајнл-фор завршницата во Лигата на шампиони, која на 19. и 19. јуни ќе се одржи во Келн. Бранителот на титулата, Барселона ќе игра против Кил, додека во втората полуфинална двојка силите ќе ги одмерат, Веспрем на Дејан Манасков и Кјелце. Унгарскиот тим е единствен од ова друштво кое се нема искачено на тронот.

Во овие два тима има екс-ракометари на Вардар, кои во Келн двапати ја направија Македонија горда од трите вкупни учества. Еден од нив е Алекс Душебаев. Последната година од договорот беше 2017 година, токму тогаш со „црвено-црните“ го освои пехарот и замина во редовите на Кјелце. Таму неговиот татко е тренер, а во составот е неговиот брат, Дани.

Желбата на Алекс е една: „Точно го имам освоено пехарот, исто како и мојот татко. Но, сега сакам тоа да го сторам со Кјелце, заедно со мојот татко и брат да се радуваме на титулата“, порача Алекс по ждрепката.  

ПретходноМиркуловски стана тренер во Вецлар: Среќен сум поради новата улога
СледноФамилијата Малдини има 12 „Скудета“ со Милан: Почна Чезаре, продолжи Паоло, сега и Даниел освои титула