Еден Азар дојде пред три години во Реал Мадрид од Челзи како големо засилување, но доживеа голем пад во кариерата. Не се изнаигра, пропушти голем дел од натпреварите поради бројните повреди.
Оваа сезона имаше 23 настапи во сите натпреварувања и само еден погодок. Па ова е уште една потврда дека неговиот трансфер е уште едно големо промашување, но Азар не се откажува.
31-годишниот фудбалер има уште две години од договорот и нема намера ова лето да си оди од „Сантијаго Бернабеу“.