Играчот од средниот ред на Челзи, Мејсон Маунт би можел да стане еден од најдобро платените фудбалери во клубот, откако наводно му бил понуден нов договор за да остане на „Стемфорд Бриџ“.
Купувањето на клубот од страна на Тод Боли сега е одобрено од Премиер лигата , а новата хиерархија на „сините“ изгледа ќе му даде на 23-годишниот Маунт нов голем договор со кој ќе се зголеми двојно повеќе неговата сегашна плата.
Маунт моментално заработува околу 80.000 фунти неделно, и покрај тоа што ја освои наградата за играч на годината во секоја од последните две сезони. Челзи сака и да го продолжи неговиот актуелен договор и за тоа е подготвен да му даде значително зголемување на платата.