Дробаров и Черно Море се најдобрата одбрана во Бугарија

241

Влатко Дробаров и неговиот тим Черно Море и официјално ја сочинуваат најдобрата одбрана во шампионатот на Бугарија оваа сезона.

Со само 22 примени погодоци, клубот на нашиот дефанзивец е лидер во оваа категорија пред неприкосновениот Лудогорец кој има примено 26. гола. Черно Море заврши со 15 мечеви без примен гол, уште една статистика според која е една од водечките.

Од друга страна пак, Дробаров е во топ пет дефанзивците според индекс поените во целиот шампионат на Бугарија, па и не треба да зачуди што во моментов тој има не само отворена понуда да ја продолжи соработката со овој клуб, туку и да премине во некоја далеку поквалитетна средина.

ПретходноХаланд слета во Манчестер за да потпише за Сити
СледноМурињо: Големите клубови мора сериозно да ја сфатат Лигата на конференции