Каспер Руд го испрати Цонга во пензија

78

Со триуфот од 3:1 Каспер Руд денеска на Ролан Гарос го испрати ветеранот Жо Вилфред Цонга во пензија, откако французинот претходно најави дека ова му е последен турнир во кариерата. Цонга поради повреда на рамото едвај го доигра мечот и бараше асистенција од лекарскиот тим.

Иако преполната арена во Париз не престана да навива за домашниот претставник и создаде ретко видена атмосфера на еден тениски турнир, сепак, Цонга едноставно немаше сила да се справи со во моментов осмиот носител на турнирот.

Од друга страна еден од главните кандидати за освојување на трофејот, Данил Медведев немаше проблеми на својот премиерен меч во Париз и го совлада  Аргентинецот Факундо Бањис за околу час и половина со конечни 3:0.

 

ПретходноЧуамени е нов играч на Реал Мадрид
СледноРистовски меѓу најдобрите и според швајцарски CIES