Усман Дембеле има уште еден месец од договорот со Барселона, а во клубот се убедени дека нема да остане.
„Шансите да си оди се 95%“, тврди извор од клубот за „Мундо Депортиво.
Оваа недела неговиот менаџер ќе има состанок со раководството на Барселона, но се чини дека и каталонскиот гигант се откажа од него, па шансите да добие нов договор се минимални.
„Од клубот тврдат дека Сисоко веќе со денови има понуда околу новиот договор, но пак блиски извори до агентот тврдат дека понудата не стигнала. Дембеле не се прашува, тој ќе направи она што му кажува агентот“, пишува Мундо Депортиво.
Каталонците тврат дека Дембеле има понуда од ПСЖ, францускиот првак во него гледа добра замена за Ди Марија.
За потсетување Барселона за францускиот фудбалер пред пет години плати 140 милиони евра, сега после низа на лоши сезони и повреди ќе си оди.