Одбојкарките на Вардар ЕМ изборија место во елитата

138

Одбојкарките на Вардар ЕМ успеаја да слават на гостувањето во Битола против Пелистер Волеј со максимални 3:0 и да направат голем пресврт во баражот за пласман во Првата женска одбојкарска лига следната сезона. По поразот во Скопје од 3:1 се чинеше дека битолскиот прволигаш е многу блиску до опстанок, но младите „вардарки“ успеаја да дојдат до убедлива победа и поради подобар сет-количник да обезбедат пласман во елитата.

Вардар ЕМ во Втората лига го освои второто место и се избори за место во баражот и за првпат ќе настапи во Првата лига.

Бараж за Прва лига (жени)

Пелистер волеј – Вардар ЕМ                             0:3 (19:25, 17:25, 25:27)

Вардар ЕМ – Пелистер волеј                              1:3 (25:27, 31:29, 22:25, 23:25)

ПретходноДупјачанец следната сезона ќе брани за Вилербан
СледноМарота му кажал на Инзаги дека мора да продадат уште една ѕвезда ова лето