Петорката на Мајами урна рекорд од 1971 година, Бостон изедначи во финалето (ВИДЕО)

188

Бостон изедначи (2-2) во финалето на Источната конференција во НБА-лигата, откако го совлада Мајами со убедливи 102-82. Селтикси покажаа зошто се најдобри дефанзивни играчи, иако поради повреда не можеа да сметаат на најдобриот кога станува збор за одбраната Маркус Смарт.

Во петорката го замени Вајт кој ги постигна првите седум поени на мечот, а Бостон поведе со 18-1. До крајот на првата четвртина беше 29-11, а Татум имаше 12 поени повеќе од целиот тим на Мајами. На полувремето Мајами имаше плус 24 поени, Бостон овој пат на противникот не му дозволи да се врати, како што беше на првиот и третиот меч.

Не беше Смарт, но Вилијам беше одличен во рекетот, Мајами шутираше со очјани 33% од игра, неговата петорка постави НБА рекорд по неефикасност.

Сите пет играчи заедно меѓу кои и Батлер, Ловри и Абедајо постигнаа вкупно 18 поени, најмалку во едно доигрување од 1971 година. Викстор Оладипио со 23 поени пружи каков таков отпор на домаќинот.

Татум со 31 поени го предводеше својот тим, никој од неговите соиграчи не постигна повеќе од 14 поени, но немаше потребна. Одбраната ја заврши задачата, а Бостон изедначи на 2-2 во серијата.

 

ПретходноСпречен инцидент во Бутел, едно лице приведено, нападнат и полициски службеник
СледноМундо Депортиво тврди: Барса ќе остане без играчот за кого плати 140 милиони евра