Салах со една реченица ги полуде навивачите на Ливерпул

1154

Последната рунда беше вистинска драма. Манчестер Сити играше против Астон Вила и мораше да победи за титулата, додека Ливерпул беше домаќин на Вулверхемптон мораше да ги освои сите бодови со надеж на кикс на „граѓаните“.

Во еден момент Сити губеше со 2-0 од Вила, се чинеше дека титулата може да дојде на „Енфилд“, но Сити направи голем пресврт и на крајот стана шампион.

„Црвените“ остануваат во ФА Купот и Лига купот, но секако дека имаат шанса да ја направат сезоната совршена, истата ја имаат во сабота во Париз, преку Реал Мадрид можат да дојдат до пехарот во Лигата на шампионите.

Мохамед Салах, најдобриот стрелец и најдобар играч на Ливерпул, ги воодушеви навивачите на култниот клуб со кратка објава на Твитер.

„Сè уште не сме готови“, напиша Салах, а тој и неговите соиграчи не убедуваа многу пати досега дека никогаш не треба да бидат отпишани и дека поразите само ги прават посилни.

ПретходноСавевски го скрати списокот, без Сара Ристовска во Алжир!
СледноСпречен инцидент во Бутел, едно лице приведено, нападнат и полициски службеник