Спречен инцидент во Бутел, едно лице приведено, нападнат и полициски службеник

798

Полицијата спречила мечот меѓу Бутел Скопје и Вардар да настане поголем инцидент. Според извештајот од полицијата, едно лице е приведено, откако се обидело со уште 15 навивачи да се пресметаат со поддржувачите на другиот тим. Тие нападнале и еден полициски службеник.

„На 22.05.2022 околу 18:15 часот во спортската сала „Антон Димитров“ во Бутел, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода А.Б.(20) од Скопје затоа што влегол во салата со околу 15 лица од навивачка група и нападнале едно лице, а се обиделе и физички да се пресметаат со припадници на друга навивачка група кои биле во салата на ракометен натпревар. 

При интервенцијата едно лице од групата физички нападнало полициски службеник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во известувањето од полицијата. 

Оваа средба заврши со убедлива победа на Вардар, кој се најде на чекор до двојната круна.

ПретходноСалах со една реченица ги полуде навивачите на Ливерпул
СледноПеторката на Мајами урна рекорд од 1971 година, Бостон изедначи во финалето (ВИДЕО)