Фамилијата Малдини има 12 „Скудета“ со Милан: Почна Чезаре, продолжи Паоло, сега и Даниел освои титула

334

Милан ја освои 19-тата титула во Серија А, а повеќе од половината од тие титули ги освои со некој од Малдини во тимот. Низата почна во 1955 година и сега речиси 70 години подоцна фамилијата Малдини продолжува да собира шампионски пехари со „Росонерите“. Во 1955. година Чезаре Малдини, тогаш на 23 години освои „Скудето“ со Милан. Остана 12 години во Милан и за тоа време освои четири шампионски титули, последната во 1961 година.

Во 1984. година неговиот син Паоло дебитираше за Милан, а првата титула ја освои во 1988 година. До 2004 година освои вкупно седум „Скудета“, а сега неговиот син освои трофеј со „Росонерите“.

Тоа значи дека фамилијата Малдини освои вкупно 12 „Скудета“ од вкупно 19 колку што има Милан.

ПретходноГо освои пехарот со Вардар, сега сонува истото да го стори со својот татко и брат!
СледноСловачка остана без најдобриот, Хамшик се откажа од репрезентацијата