Ф4 ЛШ: Кјелце на патот на Манасков и Веспрем до финале, Барса против Кил!

253

Познати се полуфиналните двојки на завршницата во Лигата на шампиони која е закажана за 18 и 19 јуни во Келн.

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков и неговиот Веспрем ќе играат против Кјелце. Унгарскиот тим ќе се обиде да дојде до првата титулата во својата историја.

Бранителот на титулата, Барселона ќе ги одмери силите со Кил, во првото полуфинале. Каталонците веруваат дека можат да постанат првиот тим кој успеал да ја одбрани титулата во Лигата на шампиони.

Инаку овие четири екипи играа на фајнл-фор завршницата во сезоната 2014/2015, тогаш во финалето Барса беше подобра од Веспрем.

ПретходноШтутгарт бара три милиони евра за откуп на договорот на Чурлинов!
СледноГо „тролаа“ поради запуштениот стомак, Азар изненади со трансформацијата (ФОТО)