Пред околу два часа со приватен авион од Барселона во Манчестер пристигна Ерлинг Халанд најновото засилување за сега веќе актуелниот шампион во Премиер лигата, тимот на Манчестер Сити.
Норвежанецот е еден од најквалитетните млади фудбалери на планетава и во голем дил во кој Сити го победи Реал Мадрид за неговиот потпис тој пристигна во Манчестер и ќе биде главниот адут на Пеп Гвардиола во годините кои претстојат.
Тој секако најпрво ќе биде подложен на строги медицински прегледи, а потписот и промоцијата би требало да се случат во текот на утрешниот ден. Договорот е со времетраење од пет години, а Халанд ќе заработува вртоглави 400.000 фунти неделно.