Чуамени е нов играч на Реал Мадрид

1598

Досегашниот играч за врска на Монако, Аурелиан Чуамени е нов играч на тимот на Реал Мадрид. И покрај отворената понуда да се пресели во Ливерпул, сепак, 22. годишниот репрезентативец на Франција се одлучи да се пресели на Сантијаго Бернабе.

Во последните денови очигледно дека во Мадрид, покрај битката за Килиан Мбапе, работеле напоредно и на доведувањето на Чуамени што исто така се смета за клучен трансфер за во иднина. Средниот ред на Реал е составен од играчи кои се во поодминати години и тој треба да биде замената за неколкумина од нив.

Трансферот според извештаите е вреден 86. милиони долари плус бонуси од она што евентуално Чуамени ќе го одигра односно освои во Мадрид.

 

ПретходноШампионот им рече благодарам на Чешмеџиев и Исмаиљи
СледноКаспер Руд го испрати Цонга во пензија