Шампионот им рече благодарам на Чешмеџиев и Исмаиљи

1856

Актуелниот шампион Шкупи во моментов е на одмор како и сите останати екипи од ПМФЛ. И тоа заслужен секако, по сите предизвици со кои чаирчани се соочија во изминатиот шампионат.

Од друга страна управата пак, не мирува, таа мора во соработка со стручниот штаб да подготви тим за новата сезона, пред се за настапите во Европа кои ќе дојдат за час што се вели. И додека за засилувањата сеуште нема ништо дефинитивно, кога стануав збор за заминувањата веќе имаме две имиња. Тоа се екс македонскиот младински репрезентативец, Константин Чешмеџиев, како и Фати Исмаиљи.

Во следните неколку дена ќе се знае кој уште ќе се збогува со синиот дрес на Шкупи, а кој секако ќе пристигне на Чаир како засилување за квалификациите од Лигата на Шампионите.

 

ПретходноВавринка „одлепи“, жестоко го нападна судијата на Ролан Гарос (ВИДЕО)
СледноЧуамени е нов играч на Реал Мадрид