Дарко Чурлинов на крајот на месецот треба да се врати во Штутгарт. Македонскиот репрезентативец оваа сезона играше како позајмен играч во Шалке со кого успеаја да се вратат во Бундес-лигата.
Според „Кикер“, повратникот во германската елита за услугите на 23-годишниот фудбалер ќе мора да плати три милиони евра доколку сака да го откупи неговиот договор.
Но, откупот би можел да биде проблематичен бидејќи Спортскиот директор на Шалке, Рувен Шредер, веќе се обидува да ги откупи договорите на двајцата фудбалери, Итакура и Донг Ли. Исто така клубот има цел да инвестира еден милион евра во лев бек.
Чурлинов во пласманот на Шалке 04 во Бундес-лигата учествуваше со два гола и седум асистенции. Доколку раководството на тимот не го откупи договорот, тој може да остане на позајмица уште една година.