Полските медиуми откриваат дека нивниот репрезентативец останува и следната сезона. Иако Јан Чувара беше на трансфер листата во таборот на актуелниот македонски првак, сепак тој и раководството на клубот ја продолжиле соработката.
Новиот договор на Чувара е на една година со можност за продолжување на уште една. Тој заедно со Тимур Дибиров кој исто така одлучи да остане ќе бидат задолжени за позицијата лево крило.
Од играчите кои играат оваа сезона, договорите ги продолжија Борко Ристовски, Филип Талески, Марко Мишевски и Куни Моралес. Капитенот Стојанче Стоилов има уште една година од актуелниот договор.
Нови играчи засега се Божо Анѓелиќ (среден бек), Нејц Цехте (десен бек), Жилберто Дуарте (лев бек) и кружниот напаѓач Павел Андреев.