Светски распространетата тв мрежа BBC, јавно се извини на милионскот аудиториум ширум светот, за шокирачки навредливата порака која се појави на кајронот за време на директниот пренос од Ролан Гарос турнирот кој се одржува во моментов.
Имено, во еден момент, на кајронот кој минува како лента беше испишано „Манчестер Јунајтед е ѓубре“, што наиде на шок. Вака сериозен медиум не смее да си дозволи такво нешто, и во прв момент никому не му беше јасно што се случува.
Менаџментот на телевизијата секако веднаш се извини по скандалот, додавајќи дека истиот е само ненамерна грешка и дека секако нема да се повтори.