Мбапе: Видов што објавија дел од фудбалерите на Реал!

2784

Килијан Мбапе одлучи да остане во ПСЖ иако со месеци се зборуваше дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Францускиот првак му понуди плата од 50 милиони евра по сезона и 100 милиони евра бонус за потпис на договорот.

„Среќен сум што ќе се развивам во земјата во која се родив, пораснав. Убеден сум дека можам да растам тука, во клубот има средства за остварување на нашите цели“, изјави Мбапе по потпишување на договорот.

Првото интервју по потпишување на договорот го даде за мадридска „Марка“, објасни зошто донел таква одлука:

„Јас сум Французин , останувам во својата земја, во новиот проект, во новата ера на тимот. Сметам дека одлуката е добра. И најважно е што оваа одлука е моја“.

Францускиот фудбалер потврди дека нема клаузула која ќе му дозволи да си оди следната сезона.

„Не размислувам за други клубови сега. Морам да го почитувам својот тим. Јас сум играч на ПСЖ. Вистина е, разговарав со Реал и со Ливерпул. Црвената боја е омилена на мојата мајка, преговарав со Ливерпул, но не беше ништо сериозно. На крајот бирав меѓу ПСЖ и Реал. Минатата година сакав да одам во Реал, сега сметам дека треба да останам во мојата земја“.

Неколку играчи на Реал беа бесни по потписот на Мбапе со ПСЖ, меѓу нив беше и неговиот сонародник, Карим Бензема.

„Да, видов некои такви објави од страна на играчите на Реал. Немам што да кажам. Секако, кога ќе одам во репрезентацијата ќе му објаснам на Карим зошто останав во ПСЖ. Ние двајца сме во добри односи“.

ПретходноМундо Депортиво тврди: Барса ќе остане без играчот за кого плати 140 милиони евра
СледноИ Јан Чувара останува во Вардар 1961!