Македонската репрезентација до 21. година в петок ќе го има официјалниот собир по повод престојните два преостанати квалификациски дуели од тековната кампања против Ерменија на домашен терен односно Украина во Истанбул, Турција, како и двата пријателски мечеви против Босна кои се однесуваат на новата генерација.
По тој повод селекторот Драган Канатларовски веќе го објави списокот на повикани репрезентативци во кој има една измени. Емит Саитоски поради повреда на задната ложа овојпат својот настап за репрезентацијата го откажа Емир Саитоски од Домжале, и на негово место е повикан Леонид Игњатов од Скопје.