Халанд слета во Манчестер за да потпише за Сити

241

Пред околу два часа со приватен авион од Барселона во Манчестер пристигна Ерлинг Халанд најновото засилување за сега веќе актуелниот шампион во Премиер лигата, тимот на Манчестер Сити.

Норвежанецот е еден од најквалитетните млади фудбалери на планетава и во голем дил во кој Сити го победи Реал Мадрид за неговиот потпис тој пристигна во Манчестер и ќе биде главниот адут на Пеп Гвардиола во годините кои претстојат.

Тој секако најпрво ќе биде подложен на строги медицински прегледи, а потписот и промоцијата би требало да се случат во текот на утрешниот ден. Договорот е со времетраење од пет години, а Халанд ќе заработува вртоглави 400.000 фунти неделно.

 

ПретходноРистовски меѓу најдобрите и според швајцарски CIES
СледноДробаров и Черно Море се најдобрата одбрана во Бугарија