Штутгарт бара три милиони евра за откуп на договорот на Чурлинов!

320

Дарко Чурлинов на крајот на месецот треба да се врати во Штутгарт. Македонскиот репрезентативец оваа сезона играше како позајмен играч во Шалке со кого успеаја да се вратат во Бундес-лигата.

Според „Кикер“, повратникот во германската елита за услугите на 23-годишниот фудбалер ќе мора да плати три милиони евра доколку сака да го откупи неговиот договор.

Но, откупот би можел да биде проблематичен бидејќи Спортскиот директор на Шалке, Рувен Шредер, веќе се обидува да ги откупи договорите на двајцата фудбалери, Итакура и Донг Ли. Исто така клубот има цел да инвестира еден милион евра во лев бек.

Чурлинов во пласманот на Шалке 04 во Бундес-лигата учествуваше со два гола и седум асистенции. Доколку раководството на тимот не го откупи договорот, тој може да остане на позајмица уште една година.

ПретходноИбра на прославата на титулата го повика поранешниот соиграч: Ајде, прати му порака (ВИДЕО)
СледноФ4 ЛШ: Кјелце на патот на Манасков и Веспрем до финале, Барса против Кил!