Баерн се засили со уште еден фудбалер на Ајакс

327

Германскиот шампион Баерн Минхен ги засили своите редови со уште еден фудбалер на Ајакс, а станува збор за играчот од средниот ред Рајан Гравенберх. Баерн за него ќе плати 20 милиони евра плус 5,5 милиони евра во форма на бонуси, а договорот на фудбалерот е до 2027 година. Ајакс издејствува и клаузула со која ќе му припадне извесна сума на пари (7,5%) во случај на нареден трансфер на фудбалерот.

Гравенберх има 10 настапи за А селекцијата на Холандија, а потекнува од младинската школа на Ајакс. Има само 20 години.

Тој е вториот фудбалер на Ајакс кој му се приклучува на Баерн во изминатите два дена. Претходно на „Алијанц арената“ дојде Нусар Мазруи.

 

ПретходноЛапорта разочаран од младата ѕвезда: Не прифаќа нов договор, а ние нема да му дадеме повеќе од понуденото
СледноМакедонскиот репрезентативец Вајли потпиша за клуб од Далечниот Исток