КЛ: Рома или Феенорд? Кој до првиот трофеј во новото УЕФА натпреварување

154

Екипите на Рома и Феенорд вечерва од 21.00 часот на новиот стадион во Тирана ќе го одиграат историското, прво финале во новото УЕФА натпреварување, Конференциската лига. Новиот формат на европско натпреварување воведен оваа сезона, им овозможи на овие два тима да се борат за првиот трофеј.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо кој има репутација на тренер кој никогаш не губи финалиња и пред дуелот со Феенорд најави дека за него и неговиот тим ова е најголемиот натпревар во последните неколку децени. Со Порто го освои Купот на УЕФА и Лигата на шампионите, го повтори и тројно го зголеми успехот со Интер и Манчестер Јунајтед. Пред него е предизвик со Рома каде ќе сака да остане запишан во историјата со уште еден европски пехар. Доколку Рома успее, тој ќе биде меѓу тренерските колоси како Џовани Трапатони и Удо Латец кои триумфирале во три европски натпреварувања.

Победите во финалните мечеви на КЕШ во 1970 година против Селтик и Купот на УЕФА од 1974 и 2002 година ја воспоставија репутацијата на холандскиот клуб како име кое треба да се почитува во секое континенталното натпреварување. Водејќи го тимот до финалето на Конференциската лига во својата прва сезона на „Де Кујп“, тренерот Арне Слот го врати вкусот на минатите слави, откако остави голем впечаток со тоа што играше со екипа полна со енергија, интензитет и расположена за многу голови.

Веројатни состави:

Рома: Руи Патрисио, Мансини, Смолинг, Ибанез, Карсдорп, Оливеира, Кристанте, Жалевски, Мхитарјан, Пелегрини, Абрахам.

Феенорд: Марсиано, Гертруида, Трауние, Сенеси, Маласиа, Орснес, Кокчу, Нелсон, Тил, Синистера, Десерс

ПретходноРеал има причина за задоволство: Алаба е подготвен за финалето на ЛШ
СледноЛе Паризиен: ПСЖ му најде замена на Покетино, доаѓа од Португалија