Лапорта: Играчите во ПСЖ се робови за пари

508

Првиот човек на тимот на Барселона, претседателот Жоан Лапорта имаше полна уста критики упатени кон ПСЖ и трансфер политиката на гигантот од Франција. Тој смета дека последните случувања околу Килиан Мбапе и неговото не доаѓање во Реал Мадрид, односно останување во ПСЖ е директен пример за тоа дека играчите во овој клуб, се третирани како робови и единствената добра работа во тоа е што се преплатени.

„Фудбалерите кои отидоа таму со долгорочни договори се согласуваат да станат робови. За пари“, изјави Лапорта во интервју за каталонскиот весник L’Esportiu.

„Договорот на Нејмар е од тој тип, потпишан е за уште 4-5 години, –  додаде Лапорта. „Кој не го сака овде? Тој е исклучителен, но сите овие играчи како него, кои еден ден би сакале да се вратат во Барса, мора да го сторат тоа како слободни играчи“ – истакна Лапорта, мислејќи секако и на Лионел Меси. 

 

ПретходноСтанковиќ на чело на Звезда до 2025
СледноКуртоа: Ливерпул е одличен, но ние се бориме до крај