Одбојкарите тргнаа фуриозно, победа над Босна на стартот на сребрената лига (ФОТО)

229

Македонската одбојкарска репрезентација со победа тргна во новото издание на европската сребрена лига. Во премиерата на домашен терен, „црвено-жолтите“ доминираа, ја совладаа селекцијата на Босна и Херцеговина со 3-0.

Нашите одбојкари одлично го почнаа мечот создавајќи предност уште по неколкуте први поени. До 11:8 Босанците успеваа да се одржат во игра, но следуваа две серии од по 4:0, по што стигнавме до високи 16:9. Предводенинод расположените Никола Ѓорѓиев, Савовски, Маџунков и младиот Илијев, Македонија мирно го приврши сетот до 25:16 за предност од 1:0.

Доминацијата од првиот сет продолжи и на стартот на вториот сет. Тргнавме моќно и на стартот направивме високи 7:1. Босанците успеаја за момент да ја прекинат серијата на нашата репрезентација, но со извонредна реализација на Милев и Илиев во нападот и цврст блок, се одлепивме и на 10:3. Предноста ја зголемивме и на плус 10 (16:6), по што БиХ успеа да се консолидира и да ја намали негативата на 18:12. Следуваше мал пад во нашата игра која ги врати Босанците на минус 5 (20:15).

Сепак, по еден тајм-аут на селекторот Павличевиќ ја вративме свежината и го привршивме сетот во наша полза со 25:17 за 2:0.

Третиот сет почна израмнето. Се играше поен за поен до 3:3, по што следуваше серија на сервис на младиот Стојан Илиев за 7:3 за Македонија. БиХ врати со иста мера и успеа да израмни на 8:8. Слабиот прием на нашата репрезентација им даде шанса на гостите да дојдат и до водство (9:10, 10:11). Откако го надминавме овој пад во играта дојдовме до предност од 15:13, но Босанците не се предадоа и понатаму го држеа сетот во егал. Во финалето на сетот влеговме со предност од два поени, 21:19. Иако пропуштивме две меч-топки да го рњшимњ мечот инпорано, сепак последната шанса ја иакористи Никола Ѓорѓиев за 25:23 и победа од 3:0.
Капитенот Никола Ѓорѓиев со 25 поени беше најефикасен, Савовски и Манџуков запишаа по осум.
ПретходноЧупиќ е човек за големи работи, ППД Загреб ја слави 30. титула
СледноРаботнички со победа ја заврши сезоната за заборав!