Перез брза да најде алтернатива за Мбапе: Реал во преговори со Стерлинг

296

Реал Мадрид брзо најде нов „таргет“ откако не успеа да го убеди Килијан Мбапе да дојде како главна ѕвезда во летниот преоден рок. Според „Дејли Стар“, Флорентино Перез деновиве е во интензивни разговори со младата ѕвезда на англискиот шампион Манчестер Сити, Рајан Стерлинг.

Мбапе во саботата објави дека останува во Париз за да потпише нов договор, ставајќи крај на повеќемесечните шпекулации дека е подготвен да се пресели во Мадрид и со тоа оставајќи го шпанскиот шампион без „ас“ во рака.

Сепак, Реал сега го насочил вниманието кон Стерлинг, за кого се надеваат дека успеат да го потпишат во трансфер со вредност од 50 милиони фунти. Стерлинг влегува во последната година од договорот на „Етихад“ и се чини дека не е блиску до договор за продолжување, а подолго време се тврди дека е заинтересиран за преселба во странство.

ПретходноНекогашниот помошник на Сер Алекс повторно доби „клоца“ од Манчестер Ј.
СледноДалас остана во живот: Дончиќ со нов „дабл-дабл“ за петти меч во финалето на Западот (ВИДЕО)