Прв евро-трофеј за Рома, петти за Жозе Мурињо!

274

Рома е освојувач на трофејот на Лигата на конференциите. Римскиот гигант ќе биде запишан како прв шампион во новото натпреварување на УЕФА. Вечерва во финалето одиграно на Националниот стадион во Тирана, римјаните го совладаа Феенорд со 1:0.

Рома немаше бројни шанси но една од ретките можности претвори во гол. Манчини од далечина го пронајде Заниоло кој ја смири топката на гради во противничкиот шеснаесетник и потоа ја испрати во мрежата.

ГОЛОТ НА ЗАНИОЛО НА ОВОЈ ЛИНК

Пред погодокот Рома остана без Мхитрајан кој се повреди и го напушти теренот. Во вториот дел фудбалерите на Феенорд имаа неколку добри шанси за изедначување. Трение ја погоди стативата, а одбиената топка Гус Тил не успеа да ја претвори во гол. Во таа ситуација се чини дека Кристанте од Рома играше со рака, па играчите на Феенорд бараа пенал, судијата прегледа снимка и покажа дека нема пенал. Три минути подоцна нова шанса за холандската екипа, Маласија шутираше но голманот Патрисио одбрани.

Иако екипата од Ротердам во завршницата имаше поголем посед на топка сепак тоа не го претвори во погодок. Мурињо ја стегна дефанзивата, искусниот „лисец“ знае како да го направи тоа и оддолеа на нападите на противникот.
По контра напад Лоренцо Пелегрини имаше шанси да стави крај на мечот во 86. минута но неговиот удар го запре голманот на Феенорд.

Рома стигна до првиот трофеј на УЕФА. „Волчицата“ има еден трофеј од некогашниот Куп на саемските градови (во далечната 1961 година) што не беше под капата на Европската фудбалска куќа.

Жозе Мурињо го освои петтиот европски трофеј, а е и првиот со трофеи од сите три натпреварување под капата на УЕФА. Со Интер и со Порто ја освои ЛШ, со Порто и Манчестер Јунајтед и Лигата на Европа, сега со Рома и Лигата на конференции.

ГОЛОТ НА ЗАНИОЛО НА ОВОЈ ЛИНК

ПретходноЃорѓи Ѓорѓиев: Во најважните моменти покажавме карактер и квалитет!
СледноКанаваро пристигна во Барселона