Чеферин: Реал нема да и кажува на УЕФА што да прави

915

Се уште е присутен револтот во Реал Мадрид поради тоа што не успеаа да го ангажираат Килијан Мбапе. Францускиот напаѓач најавуваше заминување од Пари Сен Жермен, долго време одбиваше да го продолжи договорот, а „Кралевите“ се понадеваа дека ќе го земат во своите редови. А и желбата на Мбапе да заигра за Реал беше голема. На крајот пресврт.

Мбапе остана во ПСЖ, а Реал извиси. А Реал Мадрид реагираше доста бурно, свртувајќи се кон УЕФА во контекст на непочитувањето на финансискиот фер-плеј на францускиот шампион.

Претседателот на организацијата Александар Чеферин одговори „сочно“, потсетувајќи го клубот од Мадрид дека нивната понуда не се разликува од париската.

УЕФА има прилично строги правила за финансиски фер-плеј. Тие што ќе ги почитуваат ќе играат на нашите турнири, другите не.

Ниту Реал ниту кој било друг клуб нема да ни каже што да правиме. Да, тие се револтирани поради тоа што не го реализираа трансферот, но нивната понуда не се разликуваше од понудата на ПСЖ до Мбапе “, изјави Чеферин.

ПретходноAнчелоти: Ливерпул е физички најсилен тим во светот, но не е фаворит во финалето
СледноФешта во Тирана, овации за Жозе Мурињо (ВИДЕО)