Според сите најави, интернационалецот од Швајцарија, Јосип Дрмиќ ќе биде новиот напаѓач на Динамо Загреб за следната сезона. Тој мина неколку месеци како позајмен фудбалер на англиски Норич во Ријека, каде што одигра фантастично и постигна триесетина голови, па нормално е што Динамо инсистираше на негово доведување на Максимир.
Дрмиќ инаку е искусен напаѓач кој има 30. години и кој поголемиот дел од својата кариера ја мина во Германија. За Швајцарија настапи на 35 мечеви и има забележителни настапи од европските и светските првенства.