Златан Ибрахимовиќ ја остови титулата со тимот на Милан во Серија А сезонава и сега заминува на операција на коленото. За истата тој ќе мора да паузира од седум до осум месеци максимум, а дури потоа ќе ја донесе конечната одлука дали ќе се пензионира или пак ќе продолжи да игра.
Ибрахимовиќ е роден на 03.10.1981 година и влегува во својата 41. година од животот. Да, тој и натаму вели дека може да игра на највисоко ниво, но ќе видиме како неговото тело ќе реагира по паузата и опоравувањето од операцијата.