Нема веќе пречки за купување на Челзи

154

Отстранета е и последната пречка во завршувањето на процесот за промена на сопственикот на Челзи , откако британската влада издаде дозвола за тоа. Неколку часа претходно беше објавено дека англиската Премиер лига го одобрила договорот за купување на клубот од конзорциумот предводен од Тод Боели, еден од сопствениците на бејзболот Лос Анџелес Доџерс во САД. На лондончани ќе им бидат исплатени повеќе од 2,5 милијарди фунти.

„Владата издаде лиценца за продажба на Челзи“ –  изјави Надин Дорис, министерка за дигитален развој, култура, медиуми и спорт.

„Со оглед на санкциите кои се воведени за луѓето поврзани со Путин и крвавата инвазија на Украина, долгорочната иднина на клубот може да се гарантира само со нов сопственик. Задоволни сме што нема да имаат корист од продажбата ниту Роман Абрамович, ниту другите санкционирани лица. Сакам да им се заблагодарам на сите, особено на оние кои неуморно работеа за да може Челзи да продолжи да игра и во исто време да помогне во продажбата, што пак ги заштити навивачите и фудбалската заедница воопшто“ – додаде Дорис.

 

 

ПретходноСебаљос: Лекарската грешка можеше да ме чини пензионирање
СледноИбрахимовиќ заминува на операција, не се знае дали ќе се пензионира