Новиот газда на Челзи ќе биде великодушен: Тухел добива 200 милиони за трансфери

301

Новиот сопственик на Челзи, Тод Боли е подготвен да му овозможи на менаџерот на Челзи, Томас Тухел, сума од 200 милиони фунти за трансфери ова лето. Вчера од Британија потврдија дека неговото преземање на лондонскиот клуб е само формалност, откако сите гаранции се добиени.

Продажбата на клубот е одобрена и од Премиер лигата и од владата на Обединетото Кралство, што значи дека е само прашање на време кога преземањето на Боли формално ќе биде завршено и Челзи може да се зафати со планирање на нивните летни трансфери.

Новиот сопственик е подготвен да потроши многу во обид да ја намали разликата меѓу Манчестер Сити и Ливерпул, а „Телеграф“ пишува дека Тухел ќе добие 200 милиони фунти за засилувања.

ПретходноЛетово три силни тениски турнири во Скопје
СледноИ ОФИЦИЈАЛНО: Куни Моралес останува уште една сезона во Вардар