Реал има причина за задоволство: Алаба е подготвен за финалето на ЛШ

150

Австрискиот дефанзивец од екипата на Реал Мадрид, Давид Алаба, најави дека е подготвен да настапи во финалето на Лигата на шампионите.

„Се чувствувам многу добро, во форма сум. Имав време да се опоравам. Работев многу напорно во последните денови за да бидам подготвен за финалето на Лигата на шампионите“, изјавил Алаба.

Финалниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид ќе се одигра во Париз в сабота.

Ливерпул и Реал Мадрид вторпат во последните четири години ќе се сретнат во финалето на Лигата на шампионите. Пред 4 години во 2018 година, шпанскиот клуб славеше со 3:1.

ПретходноЈирген Клоп е менаџер на сезоната во Премиерлигата
СледноКЛ: Рома или Феенорд? Кој до првиот трофеј во новото УЕФА натпреварување