Чупиќ е човек за големи работи, ППД Загреб ја слави 30. титула

407

ППД Загреб по голема драма славеше на гостувањето кај Нексе во вториот плеј-оф натпревар со 24-26 и дојде до нова титула во хрватскиот шампионат. Главниот збор на теренот го имаше Иван Чупиќ. Екс-вардарецот дефинитивно е човек за големи работи, постигна десет погодоци и на ППД Загреб му ја донесе 30-титула.

„Плинарите“ на крилата Чупиќ, но и одличниот голман Матеј Мандиќ кој одбрани седмерец во самиот финиш, добро го отворија дуелот, поведоа со 3-7, на одморот имаа позитива од 9-11.

Нексе се обиде да направи пресврт, но тешко одеше, гостите ја држеа предноста која им донесе голема радост и продолжување на доминацијата.

Покрај Чупиќ, добра игра пружи и Кларица со пет гола, на другата страна Мелиќ имаше шест гола.

ПретходноФешта во Тирана, овации за Жозе Мурињо (ВИДЕО)
СледноОдбојкарите тргнаа фуриозно, победа над Босна на стартот на сребрената лига (ФОТО)