Јирген Клоп е менаџер на сезоната во Премиерлигата

197

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е избран за менаџер на годината во Премиерлигата за сезоната 2021/2022, објави официјалниот сајт на лигата.

Германскиот стратег по вторпат во кариерата ја освои оваа награда. Клоп за првпат беше прогласен за менаџер на сезоната во 2020 година.

Ливерпул ја заврши Премиерлигата на втората позиција со 92 бода. Во исто време, „црвените“ ги освоија двата национални купа – англискиот Лига куп и ФА Купот.

Договорот на Клоп со англискиот клуб е до 2026 година и тој веќе следната сезона ќе се обиде на Ливерпул да му донесе нова титула во националното првенство.

ПретходноВојна во Тирана: Уапсени над 60 навивачи на Рома и Феенорд пред вечерашното финале (ВИДЕО)
СледноРеал има причина за задоволство: Алаба е подготвен за финалето на ЛШ