Вардар утре против Тиквеш ќе слави титула

370

Ракометарите на Вардар веќе се подготвуваат за прослава на шампионската титула. По победата на најважниот меч против Е. Пелистер во Битола пред некое коло, утре ќе го одиграат последниот натпревар од завршната рунда натпревари во домашното првенство.

Вардар  го очекува мечот со Тиквеш во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот, меч на кој со победа ќе ја потврдат титулата.

„Црвено-црните“ се лидери со бод предност пред најголемиот ривал Е: Пелистер кој во последниот сезонски меч го пречекува тимот на Бутел.

ПретходноЛе Паризиен: ПСЖ му најде замена на Покетино, доаѓа од Португалија
СледноДончиќ и Јокиќ ја предводат „најдобрата петорка“ на сезоната во НБА лигата