Војна во Тирана: Уапсени над 60 навивачи на Рома и Феенорд пред вечерашното финале (ВИДЕО)

1119

Навивачите на Феенорд и Рома имаа меѓусебни пресметки во Тирана, каде што вечерва ќе се одигра финалето на Конференциската лига. Според АФП, како резултат на акти на насилство што биле забележани на најмалку три места во Тирана, повредени се 10 полицајци. Органите за спроведување на законот морале да употребат и солзавец за да ги смират насилните навивачи.

Навивачите на Рома ги нападнале полицајците со палки и камења. Поради тоа бил оштетен полицискиот автобус, а според полицијата, уапсени се вкупно 60 навивачи на двата тима.

Осум навивачи на Феенорд се уапсени бидејќи претепале навивачи на Рома, инаку локален жител. Исто така, околу 200 навивачи на холандскиот тим се судриле со полицијата обидувајќи се да стигнат до местото каде што се наоѓаат навивачите на Рома.

ПретходноДалас остана во живот: Дончиќ со нов „дабл-дабл“ за петти меч во финалето на Западот (ВИДЕО)
СледноЈирген Клоп е менаџер на сезоната во Премиерлигата