Далас остана во живот: Дончиќ со нов „дабл-дабл“ за петти меч во финалето на Западот (ВИДЕО)

322

Кошаркарите на Далас останаа во живот во западното финале од НБА лигата, откако синоќа на домашен терен намалија на 3:1 против Голден Стејт победувајќи со 119:109.

Лука Дончиќ со 30 поени, 14 скока, девет асистенции, две украдени топки и две блокади беше лидерот кај Мавси на патот до првата победа. Тоа беше 10-ти дабл-дабл во 14 натпревари во плеј-офот за словенечкиот кошаркар.

Во победата придонесоа Доријан Фини-Смит со 23 поени и шест скока, Реџи Булок со 18, сите од „тројка“, а Џејлен Бренсон имаше 15 поени.

Во тимот на Голден Стејт најефикасен беше Стивен Кари со 20 поени, осум асистенции и пет скока. Тоа беше негов 100-ти натпревар во плеј-офот во кој постигна најмалку 20 поени.

Далас водеше речиси цел натпревар, а најголемата предност ја имаше во третата четвртина – 81:56. „Вориорс“ ја прекинаа серијата од девет победи во финалето на плејофот на Западот, а следната шанса да се пласираат во големото финале ќе ја имаат во петтиот натпревар закажан за ноќта меѓу четврток и петок во Калифорнија.

ПретходноПерез брза да најде алтернатива за Мбапе: Реал во преговори со Стерлинг
СледноВојна во Тирана: Уапсени над 60 навивачи на Рома и Феенорд пред вечерашното финале (ВИДЕО)