Канаваро пристигна во Барселона

726

Некогашниот италијански фудбалер Фабио Канаваро, кој по завршување на кариерата заплива во тренерските води, имаше средба со челниците на Еспањол во Барселона, пишува АС.

Како што пишува овој медиум, Канаваро не е единствениот кандидат за тренерското место во овој клуб, на листата се наоѓа и Диего Мартинез, но секако на прво место е поранешниот фудбалер.

Тој седум години го учеше тренерскиот занает во Кина, во септември најави дека сака да се врати во Европа, па сега има вистинска шанса. Првиот состанок завршил добро, па нема да биде чудо ако седне на клупата.

Еспањол минатата сезона заврши на скромното 14. место на четири бода од позицијата која води во втората лига, па јасно е зошто овој тим е вистинска шанса за него.

ПретходноПрв евро-трофеј за Рома, петти за Жозе Мурињо!
СледноНикој не може со оваа легенда: Сите околу него скокаа, Мурињо направи еден потег (ФОТО)