Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп кажа дека ниту тој, а ниту еден од неговите фудбалер не оди во финалето на ЛШ со мислата за одмазда. Во сабота Ливерпул ќе игра со Реал Мадрид во Париз за титулата европски шампион, а пред четири години двата тима играа во финалето на ЛШ, а тогаш Реал победи со 3:1. Тој меч се одигра во Киев.
Година подоцна Ливерпул стана европски првак, а во 2020 година „црвените“ ставија крај на 30-те години без титула во Премиер лигата.
„Имам чувство дека треба да возвратиме за оној пораз пред неколку години, а не треба така да мислиме. Ако излеземе во финалето со желба и идеја за одмазда, работите нема да одат на добро. Тоа не е нашиот стил. Мора да играме на нашиот начин и ќе се обидеме да го направиме тоа“, додаде Клоп.
Тој исто така многу љубезно зборуваше за тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, нарекувајќи го Италијанецот „неверојатен пријател и колега“ и додаде дека се надева дека повеќе луѓе ќе размислуваат за него на ист начин.