Компани ќе го враќа Барнли во Премиер лигата!?

236

Барнли испадна од Премиер лигата откако заврши на 17-тото место на табелата, па во наредната сезона ќе игра во Чемпионшип дивизијата. Клубот ќе треба да прави реконструкција на играчкиот кадар со оглед на тоа дека нема да може да исплаќа високи плати, па секако ќе прави и промена на менаџерската позиција.

Во април Шон Дајч го напушти клубот, а неговата замена Мајк Џексон не успеа да го обезбеди опстанокот. Тој го водеше тимот на осум натпревари со скор од три победи, две ремија и три порази што не беше доволно за да се сочува опстанокот.

Па така Барнли е во потрага по нов тренер кој може да го врати клубот во елитата. Според неколку медиуми клубот разговарал со белгискиот тренер Винсент Компани. Тој моментално работи во Андерлехт, но може да си замине и да се врати во Англија, а сега како тренер.

Компани претходно долго време играше за Манчестер Сити и беше нивен капитен.

ПретходноМакедонскиот репрезентативец Вајли потпиша за клуб од Далечниот Исток
СледноКлоп: Нема да направиме ништо ако во финалето излеземе со мислата за одмазда