Финалето од Лигата на Шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул се игра на 22. мај, в сабота во Париз. Се е подготвено за спектакл, двата тима ветуваат голема борба за скапоцениот трофеј, а искусниот чувар на мрежата на „Кралевите“ Тибо Куртоа смета дека неговиот тим има поголем капацитет да стигне до пехарот.
„Ова е мое прво финале со Реал Мадрид и многу сум возбуден. Чувството е посебно и се надевам дека ќе го освојам. Ливерпул е одличен тим, интензивен, има многу брзи играчи. Но, се може да се случи до крајот на натпреварот. Во одлична физичка форма сме и ќе треба да дадеме се од себе од првата до последната минута. Оваа сезона докажавме дека можеме да се бориме до крај“, изјави белгискиот репрезентативец па додаде.
“Работев напорно периодов и поминав многу во последните две и пол години. Имав неколку клучни одбрани оваа година на клучни мечеви и добивам се повеќе и повеќе признанија. Годината е една од најдобрите во мојата кариера и во однос на трофеите. Јас сум еден од најдобрите во светот, но тешко е да се каже дека сум најдобар“ – изјави Куртоа.