Лапорта разочаран од младата ѕвезда: Не прифаќа нов договор, а ние нема да му дадеме повеќе од понуденото

1683

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта наиде на голем проблем и разочаран е со однесувањето на младата ѕвезда Пабло Гави. Лапорта е лут на 17-годишниот играч за врска и неговиот менаџер за одложувањето на потпишувањето на договорот.

Не разбирам што се случува. Не ми е јасно зошто Гави го одложува потписот на договорот. Уште чекаме, а немаме информација дека го прифатил договорот. Последно што знаеме е дека ја разгледува понудата.

Сите го сакаме Гави, тој има прекрасна сегашност и иднина. Не разбираме зошто неговиот менаџер се игра со него. Нашата понуда е реална, нема да му дадеме повеќе пари од понуденото затоа што тогаш би тргнале по патеката кои луѓето ја доведоа Барселона во пропаст“, рече Лапорта.

Им порачувам да ги прифатат нашите услови што побрзо затоа што мораме да ја планираме следната сезона“, кажа Лапорта.

Актуелниот договор на Гави истекува идното лето.

ПретходноИбрахимовиќ заминува на операција, не се знае дали ќе се пензионира
СледноБаерн се засили со уште еден фудбалер на Ајакс