Работнички со победа ја заврши сезоната за заборав!

165

Работнички успеа да запише победа на последниот меч од оваа сезона, која дефинитивно е за заборав. Најтрофејниот кошаркарски колектив на гостувањето кај Академија ФМП славеше со 68-76.

Домашниот тим поведе со минимални 20-19 по првата четвртина, на другата страна избраниците на Игор Михајловски заиграа многу подобро во вторите десет минути, на одморот заминаа со водство од 34-40.

Во продолжение Работнички успеа да го држи ритамот и да го добие овој дуел во своја корист. Балмазовиќ со дабл-дабл од 22 поени и 14 скока беше прво име, Вакруки имаше 20 поени. Кај Академија ФМП, Бакоч и Кошанин имаа по 17 поени.

Работнички ја преживеа пеколната сезона, останува главниот спонзор Општина Центар се разбуди и да го врати стариот сајај на овој тим, зборовите да се спроведат на дело, оти тим со ваква традиција не треба да се најде во ситуација да се бори за опстанок, кој на голема среќа не беше ставен под знак на прашалник.

ПретходноОдбојкарите тргнаа фуриозно, победа над Босна на стартот на сребрената лига (ФОТО)
СледноЃорѓи Ѓорѓиев: Во најважните моменти покажавме карактер и квалитет!